четврток, јуни 25, 2026
Дома СПОРТ Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа прва Македонка на Вимблдон!

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа прва Македонка на Вимблдон!

0

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис со пласманот на Вимблдон. Таа е првата Македонка која успеала да обезбеди пласман на најпрестижниот тениски турнир.

Во финалното коло од квалификациите, Ѓорческа убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови (6:1, 6:2), по само 73 минути игра.

До историскиот успех, македонската тенисерка стигна со три победи во квалификациите. Претходно ги елиминираше Шпанката Анхела Фита Болуда и Португалката Франциска Жорге, а во решавачкиот меч беше подобра и од Бронцети, која беше 20. носителка во квалификацискиот турнир и се наоѓаше дури 96 места погоре од Ѓорческа на ВТА-листата.

Жрепката за главниот турнир е закажана за утре, кога Ѓорческа ќе го дознае името на својата прва противничка.

ИЗДВОЕНИ