Кошаркарскиот клуб Барселона имаше исклучително активно лето при градењето на новиот тим, притоа не останувајќи без финансиска корист од бројното заминување. Според новинарот Марко Мундет, клубот заработил повеќе од три милиони евра од трансфери, откупни клаузули и од обесштетување.
Меѓу најинтересните случаи е Мозес Рајт, кој воопшто не играше за Барселона, но, сепак, ѝ донесе пари. Олимпија Милано плати обесштетување за негово ослободување од договорот со каталонскиот тим.
Пари пристигнаа и од заминувањето на Торнике Шенгелија, кој ја активираше откупната клаузула за да премине во Дубаи.
Барселона заработи и од разделбата со тренерот Чави Пасквале, кој замина претходно, по обесштетување.
Дополнителни средства пристигнаа и од Никола Кустурица и од Сајон Кеита, кои ја продолжија кариерата во НЦАА.
Единствено заминување без финансиска компензација беше она на Хуан Маркос.











