понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Барал снимки од „Безбеден град“, влегувал по собите и ги снимал полицајците...

Барал снимки од „Безбеден град“, влегувал по собите и ги снимал полицајците со мобилен

Приведен агресивен маж пред ПС Аеродром

921

Уапсен е беровец поради агресивно однесување пред ПС Аеродром, барал снимки од „Безбеден град“ за сообраќајка во која учествувал.

– На 6.5.2026 во 11:10 часот, во Скопје пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром, приведен е Х. А. (32) од Берово. Претходно Х. А. побарал од полицискиот инспектор да му биде даден видеозапис од видеонадзорот од „Безбеден град“ за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека не може да му биде доставен видеозаписот без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилниот телефон иако му било укажано дека не смее да го прави тоа. По документирање на случајот, против Х. А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ИЗДВОЕНИ