четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Автомобил излета кај клучка Мирковци синоќа: Петмина повредени, возачот тешко

Автомобил излета кај клучка Мирковци синоќа: Петмина повредени, возачот тешко

127

МВР информира дека синоќа околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Р.Н. од с. Кондово, скопско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговите сопатници С.Н.(40) и тројца малолетници, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ИЗДВОЕНИ