среда, јули 8, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Автомобил и автобус се судрија во скопски Аеродром, можно е „сеатот“ да...

Автомобил и автобус се судрија во скопски Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока

91

Автобус и автомобил марка „сеат“ се судрија на булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Според поставеноста на возилата по несреќата, можно е автомобилот да влегол и да се движел во обратна насока, но официјална потврда за причините за судирот засега нема.

Очевидци велат дека на местото на несреќата биле забележани оштетувања на двете возила, а засега нема информации за повредени лица.

Повеќе детали за сообраќајната несреќа се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

ИЗДВОЕНИ