сабота, јуни 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Авионските билети поскапеа за 90 евра по патник

Авионските билети поскапеа за 90 евра по патник

1236

Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денеска Европската федерација за транспорт и животна средина (T&E).

Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на горивото за 88 евра по патник на летови на долги релации што ја напуштаат Европа и 29 евра на летови во Европа, соопшти T&E, пренесе Ројтерс.

Нивната анализа ги спореди цените минатата недела со оние непосредно пред почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари.

Горивото за авиони за лет од Барселона до Берлин би било за 26 евра поскапо по патник, додека патувањето на долги релации од Париз до Њујорк би чинело 129 евра повеќе за гориво, процени T&E во својата анализа објавена денеска.

T&E ја пресмета просечната потрошувачка на гориво на сите летови што полетуваат од Европа и ја подели со бројот на патници што заминуваат за да пресмета колку зголемувањето на цената на горивото би додало на цената по лице.

Раководителите на авиокомпании, вклучувајќи ги „Луфтханза“, „Рајанер“ и „Ер Франс-КЛМ“, во март изјавија дека веројатно ќе ги префрлат повисоките трошоци за гориво на потрошувачите доколку Ормускиот теснец остане затворен подолг период.

„Т&Е“ соопшти дека нивните пресметки покажале дека дополнителните трошоци од зголемувањето на цената на горивото далеку ги надминуваат трошоците со кои се соочуваат авиокомпаниите од почитувањето на политиките на ЕУ за климатските промени.

„Кризата на Блискиот Исток докажува дека нашата вистинска ранливост е резервоар полн со странска нафта, а не законите дизајнирани да ја решат“, изјави Дајан Витри, директорка за воздухопловство на „Т&Е“.

Европската унија најави дека во среда ќе одговори со упатства за управување со ограниченото снабдување со гориво за авиони.

ИЗДВОЕНИ