
По пауза од повеќе од еден месец, фудбалските навивачи во следните два дена ќе уживаат и во натпреварите од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Кога е во прашање денешната програма, убедливо најголемо внимание треба да привлече пресметката на „Ванда Метрополитана“ помеѓу шпанскиот гигант Атлетико (М) и англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед
Атмосферата во двата табора е сосема различна. „Црвените ѓаволи“ играат очајно на стартот од новата сезона, додека „јорганџиите“ повторно докажуваат дека можат да се носат со конкуренцијата. Британската јавност е убедена дека денешната пресметка лесно може да се покаже како пресудна за менаџерот на Јунајтед, Мајкл Карик, кој веќе стои на тенок мраз и во случај на нов неуспех, можно е да му биде покажана излезната врата од соблекувалната.
Убедливо, најпеколна атмосфера се очекува во Истанбул, каде што актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, ќе се обиде да го изненади можеби првиот фаворит за трофејот во ЛШ, каталонскиот гигант Барселона. Четата на Ханси Флик не знае за пораз или реми во новата сезона и затоа се очекува нова маестрална партија од Ламин Јамал и неговите тимски колеги.
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Ленс – Спортинг Л., Сабах Баку – Славија П., Арсенал – Лил, Манчестер Ј. – Атлетико (М), Галатасарај – Барселона, Интер – Клуб Бриж, РБ Лајпциг – ПСВ, Викинг – Баерн (М), Вилјареал – Наполи.











