Грчкиот кошаркарски гигант, Панатинаикос, повторно е во сериозни проблеми откако неговиот тренер, Ергин Атаман, го исфрли американскиот центар Ришон Холмс, додека сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос, сее страв и закани низ земјата.

Холмс пристигна како големо засилување, но ситуацијата брзо ескалираше. Незадоволен од добиената минутажа и од улогата во тимот, јавно го критикуваше тренерот Атаман на социјалните мрежи, а потоа ги отстрани сите свои фотографии во опремата на грчкиот великан. Од тој момент, Панатинаикос игра без него, а истата практика ќе продолжи и на натпреварите од Евролигата.

  • Ришон Холмс не е во тимот. Ова е актуелно клупско прашање и наскоро ќе дадеме соопштение за тоа – гласеше изјавата на Ергин Атаман пред мечот со Дубаи.

Од друга страна, сопственикот на тимот, Димитрис Јанакопулос, повторно им се обрати на неименуваните непријатели преку социјалните мрежи, лут на начинот на кој некои луѓе го користат неговото име. Не е јасно на кого точно му ги упати прилично острите зборови, но тоа е очигледно одговор на лични напади и на наводна клевета на неговите лик и дело.

  • Се извинувам за 15. минути што ви ги посветив. Моето животно мото е „кој ќе фрли камче по мене, јас ќе фрлам карпа по него“. Тоа не значи ништо во споредба со она што ќе се случи. Затоа кога фрлате кал по мене, нека ви помогне Бог. Дали сте толку малку? За да ве читаат уште пет или десет луѓе, го вклучувате моето име. Најчистото име во Грција. Клетници, смешни, безначајни луѓе! – беше остриот коментар на Јанакопулос на социјалните мрежи.

Инаку, 52-годишникот често се наоѓа во јавноста поради разни конфликти и испади. Напаѓањето судии, бегањето од полицијата, поднесената тужба против сопствениците на Олимпијакос се само дел од работите што ги има во неговото „досие“.

ИЗДВОЕНИ