Американската вселенска агенција НАСА денес им нареди на астронаутите на Меѓународната вселенска станица привремено да се евакуираат додека се вршат поправки на протекување на инсталација.
Пет астронаути се преселија во капсула на SpaceX која е паркирана на станицата додека се вршат поправки на рускиот дел од орбиталната станица.
Одлуката е донесена „од преголема претпазливост“, изјави портпаролката на НАСА, Бетани Стивенс, на социјалната мрежа X.
Екипажот ја напушти капсулата и се врати на работа откако поправките беа паузирани.
Со текот на годините, на рускиот дел од станицата се појавија пукнатини и протекување на воздух.
НАСА соопшти дека руската агенција Роскосмос, по најновите проблеми, одлучила поправките да ги сфати посериозно.
Двете вселенски агенции се обидуваат да утврдат што ги предизвикало пукнатините.












