Кинеското Министерство за надворешни работи денес соопшти дека „цврсто“ се спротивставува на американските санкции врз кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, велејќи дека потегот на Соединетите Американски Држави „уште еднаш го открива нивното хегемонистичко и насилно лице, што на крајот ќе има спротивен ефект“.
Кина ги повика САД „веднаш да ја прекинат блокадата на Куба и сите форми на принуда и притисок“, објави Ројтерс.
„Пекинг цврсто ќе ја поддржи Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност и во спротивставувањето на странското мешање“, се вели во соопштението на министерството.












