вторник, октомври 13, 2026
Дома СКОПСКА Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново Маало

1

Општина Центар го заврши асфалтирањето крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.

– Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска“ во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ