Кими Антонели е на прагот да испише историја во Формула 1. Возачот на Мерцедес има предност од 102 бода пред тимскиот колега Џорџ Расел, а веќе на Големата награда на САД во Остин, на 25 октомври, би можел да ја обезбеди шампионската титула. Со тоа, младиот Италијанец има шанса да го собори рекордот на Себастијан Фетел и да стане најмладиот шампион во историјата на Формула 1.

За да биде потврдена титулата во Тексас, Антонели мора да победи, Расел да не заврши подобро од деветтото место, а Луис Хамилтон да биде надвор од првите четворица.

  • Знам дека е блиску титулата, но морам да го дадам максимумот. Ако сакам да ја постигнам целта, морам да испорачам резултат – порача Антонели, признавајќи дека можел да вози подобро во Сингапур.

Макс Верстапен заостанува 119, Шарл Леклер 125, а Ландо Норис дури 139 бода. Иако математички сè уште се во игра, на ривалите им е потребен речиси невозможен расплет за да го спречат Италијанецот.

ИЗДВОЕНИ