Младиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, продолжува да импресионира во Формула 1 откако доминираше на Големата награда на Мајами, запишувајќи ја својата трета последователна победа во сезоната.
Со овој триумф, Антонели стана првиот возач кој ги освоил своите први три трки од пол-позиција, редок подвиг на најбрзата патека.
-Ова е само почеток, патот до титулата е долг. Тимот одлично ја врши работата и без нив не би бил тука, рече 19-годишниот Италијанец, објави „Би-Би-Си“.
Тој призна дека имал тешкотии на стартот и во борбата со Шарл Леклер, но истакна дека подоцна темпото било доволно силно за да победи.
Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, завршија зад него.
По четири трки, Антонели води во генералниот пласман со 100 бода, пред Џорџ Расел и Леклер.
Следната трка од шампионатот е закажана за 24 мај, кога ќе продолжи борбата за титулата.











