петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Антикорупциска ќе ги испитува наводите во работењето на ИЈЗ од минатото раководство

Антикорупциска ќе ги испитува наводите во работењето на ИЈЗ од минатото раководство

0

Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за наодите од ревизорскиот извештај за работењето на Институт за јавно здравје (ИЈЗ) за 2024 година, по серијата информации за сериозни неправилности што изминатите денови беа објавени во јавноста. Од Антикорупциската комисија соопштија дека предметот е отворен по сопствена иницијатива и дека ќе се испитуваат наводите за евентуална корупција, злоупотреба на службената положба, судир на интереси и други незаконски постапки.

-Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуалните ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, соопштија од ДКСК.

Комисијата најави дека ќе побара документација и информации од надлежните институции со цел да се утврди фактичката состојба.

Ревизијата ја побарале од актуелното раководство на ИЈЗ кои откриле повеќемина на платен список кои не доаѓале на работа потоа исчезнат интернет-кабел долг 15 километри, вреден околу 15.000 евра, како и недостиг на документација за набавена информатичка опрема.

 

 

ИЗДВОЕНИ