Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, експресно го заврши настапот на третиот гренд – слем турнир сезонава – Вимблдон. Таа во првото коло на турнирот за нешто повеќе од еден час игра беше елиминирана од минатогодишната финалистка Американката, Аманда Анисимова со 6:3, 6:2.

Во првиот сет Анисимова направи само еден брејк, во четвртиот гем, а потоа во деветтиот ја искористи првата сет топка и поведе со 1:0. Во вториот сет Американката врза пет гема во низа, со два брејка, Лина успеа да ја прекине таа серија и намали на 5:2, но следуваше перфектен гем на Анисимова за 6:2 и пласман во второто коло на турнирот.

Ѓорческа од Вимблдон си оди задоволна, од спортски аспект пред се поради блескавата игра во квалификациите во кои дојде до три победи, но и од финансиски со 100.000 долари освоена награда заедно со 50 рејтинг поени кои ќе ѝ помогнат да напредува на ВТА листата.

 

ИЗДВОЕНИ