петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Анимираниот филм „Маша и мечката“ промовира проруски наративи, смета Зеленски: Воведени санкции...

Анимираниот филм „Маша и мечката“ промовира проруски наративи, смета Зеленски: Воведени санкции за креаторите на серијата

4
EPA/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции против руски поединци и организации поврзани со популарната анимирана серија „Маша и мечката“.

Според Кабинетот на претседателот на Украина, санкциите се воведени поради наводите дека цртаниот филм, кој е наменет за деца, промовира проруски наративи преку својата содржина и претставува закана за националната безбедност на Украина.

Санкциите се воведени против пет физички и четири правни лица, вклучувајќи го анимациското студио „Анимакорд“, продуцентот на серијата Дмитриј Ловејко и аниматорот Олег Кузовков.

Киев наведува дека меѓу санкционираните лица се сценаристот, режисерот и продуцентот, како и лицето кое ги поседува правата за оваа популарна цртана серија.

ИЗДВОЕНИ