EPA/JENS KALAENE

Поранешниот женски светски тениски рекет број еден Србинката Ана Ивановиќ е главна тема на јавноста по разводот од Бастијан Швајнштајгер. И додека папараците редовно го фотографираат со неговата нова девојка, поранешната српска тенисерка се фрли на работа.

Таа играјќи тенис заработи околу 17 милиони долари, кои мудро ги инвестираше, започнувајќи бројни бизниси, а сега, според странските медиуми, се посвети на семејниот бизнис со одгледување јаболка, што ѝ носи повеќе од одлична заработка.

Патем, во текот на нејзината кариера, Ана соработувала со бројни брендови, а потпишала и доживотен договор со спортска куќа, од која моментално заработува околу 313 долари на час, што е повеќе од 7.500 долари дневно, или околу 2,75 милиони долари годишно.

Единственото нешто за кое се договориле Ана и Бастијан е да им го остават имотот што го стекнале за време на бракот на своите деца.

ИЗДВОЕНИ