EPA/YURI GRIPAS / POOL

Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагираше на победите на Демократската партија на вчерашните национални избори, објавува Гардијан.
„Не се очекуваше победа синоќа, беа многу демократски области. Но, не мислам дека беше добро за републиканците. Не сум сигурен дека беше добро за некого“, рече Трамп додека беше домаќин на републиканските сенатори во Белата куќа.

„Имавме интересна вечер и научивме многу, и ќе разговараме за тоа“, додаде тој.

Демократите го постигнаа својот прв голем успех по поразот на претседателските избори во САД во 2024 година.

Освен во Њујорк и Калифорнија, каде што се очекуваа токму тие исходи што на крајот беа потврдени на гласачките места – победата на Зохран Мамдани во трката за градоначалник на Њујорк и усвојувањето на таканаречениот Предлог 50, со кој ќе се прецртаат изборните единици пред конгресните избори во 2026 година – демократите постигнаа значително поимпресивен резултат во федералните држави Вирџинија и Њу Џерси, кои исто така „станаа сини“.

Со оглед на тоа што Американците, од историски причини, ги одржуваат речиси сите избори во првиот вторник во ноември, гувернерските трки во Вирџинија и Њу Џерси секогаш се одржуваат точно една година по претседателските избори, поради што тие често укажуваат на (не)задоволство на граѓаните од првата фаза на новата администрација во Белата куќа.

ИЗДВОЕНИ