По вандализмот во најголемото основно училиште „Ванчо Прќе“ во Штип, градоначалникот Иван Јорданов најави дека во сите училишта, освен што има видеонадзор, ќе бидат поставени и алармни системи со цел дополнително да се превенира против ваквите девијантни појави.
– Имаме видеонадзор на сите образовни институции, но дополнително, за да се превенира и за полесно да се идентификува и лоцира проблемот, потребно е да бидат лоцирани алармни системи, кои ќе сигнализираат и ќе овозможат да се спречи девијантна појава во иднина, како што имавме во ООУ „Ванчо Прќе“ – изјави Јорданов
По вандализмот во најголемото основно училиште „Ванчо Прќе“ во Штип, градоначалникот Иван Јорданов најави дека во сите училишта, освен што има видеонадзор, ќе бидат поставени и алармни системи со цел дополнително да се превенира против ваквите девијантни појави. Во ова училиште беа уништени смрт-табли, компјутери, надгледни средства, а имаше и обид да се поплави еден од катовите.
– Имаме видеонадзор на сите образовни институции, но дополнително, за да се превенира и за полесно да се идентификува и лоцира проблемот, потребно е да бидат лоцирани алармни системи, кои ќе сигнализираат и ќе овозможат да се спречи девијантна појава во иднина, како што имавме во ООУ „Ванчо Прќе“ – изјави Јорданов.
Тој нагласи дека за превенција против ваквите вандалски појави, низ градот ќе се постават и 190 безбедносни камери, и тоа пред институциите, низ централното градско подрачје, пред училиштата и градинките, како и низ парковите.
– Тоа што го планираме е и на јавните површини, на голем дел од пристапите до самите институции да се постават безбедносни камери, кои верувам дека ќе му служат на СВР-Штип, кога ќе има ваков инцидент, за полесно да се утврди сторителот и да се санкционира – изјави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
За да се подигне свеста кај малолетниците за одговорното однесување, во наредниот период, покрај технички мерки, ќе се организираат и обуки и работилници со родителите, наставниците, учениците. Целта е психолози и педагози да разговараат со нив, но ќе зборуваат и за последиците од девијантното однесување и како може да влијае тоа врз нивниот живот.
Инаку, штетите во училиштето „Ванчо Прќе“ се санирани и ова е прв ваков упад во едно штипско училиште.












