четврток, август 20, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Алармантно се шири болеста кај овците и козите, се бара итна вакцинација

Алармантно се шири болеста кај овците и козите, се бара итна вакцинација

0

Сојузот на одгледувачи на овци предупредува дека е алармантна состојбата со заразните сипаници кај малите преживари во земјава. Од Сојузот велат дека секојдневно се регистрираат нови жаришта во повеќе региони, што претставува сериозна закана за и онака ранливиот сточарски сектор и може да предизвика големи економски загуби кај одгледувачите.

Тие бараат итна лабораториска и генетска типизација на вирусот, врз основа на која би се набавила соодветна вакцина. По пристигнувањето на вакцините, од Сојузот бараат системска и контролирана вакцинација на целото национално стадо овци и кози.

– Досегашните парцијални мерки и затворањето на фармите повеќе не даваат реални резултати на терен. Зачувувањето на живиот фонд мора да биде апсолутен приоритет. Доколку дозволиме вирусот неконтролирано да се прошири во секое бачило, последиците за македонското овчарство може да бидат трајни и ненадоместливи – велат од Сојузот.

Одгледувачите бараат надлежните ветеринарни и научни институции итно да преземат мерки за утврдување на типот на вирусот и за прекинување на неговото ширење.

ИЗДВОЕНИ