На територијата на државата до денеска до 18:00 часот се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се сè уште активни, додека 14 се целосно изгаснати.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во селото Арачиново, Општина Арачиново, каде гори депонија, во селото Грчец, Општина Сарај, каде се зафатени ниска вегетација и мешана шума, како и кај „13 Ноември“ во Општина Центар, каде гори ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите во:
с. Босилово, Општина Босилово (депонија);
с. Банско, Општина Струмица (депонија);
с. Зубовце, Општина Куманово (ниска вегетација);
ул. „Средорек“, Општина Куманово (сува трева);
с. Пчиња, Општина Куманово (ниска вегетација и насади со жито);
м.в. Ливада, Општина Струга (ѓубриште);
ул. „Пане Џунов“, Општина Кавадарци (ниска вегетација);
Новите градски гробишта, Општина Прилеп (ниска вегетација);
с. Долно Коњари, Општина Петровец (ниска вегетација);
с. Радуша, Општина Сарај (ниска вегетација);
с. Студеничани, Општина Студеничани (ниска вегетација);
с. Грушино, Општина Арачиново (ниска вегетација);
с. Горно Свиларе, Општина Сарај (ниска вегетација);
с. Пршовце, Општина Теарце (ниска вегетација).












