Драматична спасувачка операција е во тек во поплавена пештера во централен Лаос. Група од пет селани се заробени во пештерата, додека нуркачите се тркаат со времето и тешките услови за безбедно да ги извлечат.
Досега е извлечено едно лице. Четири други се уште се внатре, чекајќи проценка пред да бидат евакуирани, напиша на Фејсбук, Кенгкад Бонгкавонг, раководител на спасувачката служба Мета Там Каласин.
Полицијата и другите служби за итни случаи чекаат покрај неколку амбулантни возила, подготвени да го транспортираат секој што ќе биде извлечен. Властите велат дека петмината мажи влегле во пештерата пред повеќе од една недела, привлечени од можноста да најдат злато.
Обилните дождови предизвикаа ненадејни поплави во пештерскиот систем, отсекувајќи ги од излезот. Се верува дека уште две лица влегле во пештерата порано, независно од групата од петмина, и тие сè уште се водат како исчезнати.
Потрагата по преостанатите две исчезнати лица ќе продолжи утре.
„Ако останеме тука уште два дена, ќе бидеме мртви“
Срцекршачките пораки дојдоа од пештерата по деновите темнина и глад, додека заробените мажи ги видоа светлата на своите спасувачи. Еден од нив може да се слушне како плаче во емотивното видео.
„Важно е што сте живи. Во ред е, навистина добро се држевте. Не плачете“, рече Норасед Паласинг, тајландскиот нуркач кој ги пронајде.
Во пораките до нивните семејства, еден од мажите, Инг, рече:
„Не грижи се, мамо. Спасувачката екипа сега стигна до нас. Безбедни сме. Многу ми недостигаат мама и тато. Веројатно ќе излеземе утре или задутре.“
Сепак, стравот расте.
„Ако не добиеме храна, ќе ни снема сила“, рече друг маж.
„Ако останеме тука уште два дена, ќе бидеме мртви“, додаде тој.
Трет маж се пожали на болки во градите и постојана кашлица.
ด่วน ‼️ “ทีมกู้ภัยไทย” ทำสำเร็จ สามารถลำเลียง คนงานลาวติดถ้ำออกมาได้แล้ว 1 ราย เมื่อเวลา 20.36 น. แข็งแรงดี ออกจากถ้ำแล้ว เก่งมากๆ ต่อไปจะเป็นการส่งต่อให้ทีมแพทย์ดูแลต่อไปครับ 🙏🏻#ติดถ้ำ #ติดถ้ำลาว #ลาว #กู้ภัยไทย #สปปลาว #Thailand #Laos #กู้ภัย pic.twitter.com/bsjpl8vYfl
— Skyboyz (@Skyboyz15) May 29, 2026












