четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Ако Европа продолжи да молчи пред нападот на САД, сите земји ќе...

Ако Европа продолжи да молчи пред нападот на САД, сите земји ќе ја платат цената, предупреди Багеи

132

Иран денеска предупреди дека европските земји ќе сносат последици доколку продолжат да молчат пред, како што ги нарече, американските и израелските напади и „кршењето на меѓународното право“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во интервју за шпанскиот канал RTVE – 24 Horas изјави дека ниедна држава не може да остане рамнодушна пред ваквите случувања.

„Оние кои ќе останат неми ќе бидат соучесници во оваа неправда. Ако Европа продолжи да молчи пред оваа агресија врз меѓународното право, сите земји ќе ја платат цената порано или подоцна“, изјави Багаеи.

Тој нагласи дека, според Техеран, нападите претставуваат сериозно нарушување на меѓународните правила и повика меѓународната заедница да реагира.

Багаеи додаде дека ниту една земја членка на Обединетите нации не треба да остане индиферентна пред овие настани, нагласувајќи дека молкот може да се толкува како поддршка на агресијата.

Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии на Блискиот Исток и растечки дипломатски притисок врз европските земји да заземат појасен став за конфликтот.

ИЗДВОЕНИ