
Флорентино Перез ja финишира потрагата по нов тренер на Реал (М). Беше јасно како ден дека негова лична преференција е Жозе Мурињо, кој веќе успешно ги тренираше „кралевите“ претходно.
Португалецот е подготвен да се врати на клупата на мадридскиот гигант, но неговото доаѓање би можело да предизвика важно заминување од соблекувалната.
Според шпанските медиуми, Тибо Куртоа не е обожавател на португалскиот тренер и се вели дека веќе изјавил дека ако Жозе ја добие работата, си заминува.
Во минатото, белгискиот голман не се двоумеше јавно да го критикува Мурињо за неговиот пристап кон фудбалот, а односот меѓу двајцата отсекогаш бил затегнат.
„Тоа е стилот на Мурињо: неговиот тим прави многу прекршоци и игра многу лошо“, рече Куртоа пред неколку години.
Сепак, останува да се види дали Мурињо ќе биде назначен за главен тренер на Реал (М), и ако тоа се случи, постојат големи шанси Куртоа да го напушти тимот.
Белгискиот голман потпиша за Реал во летото 2018 година, откако челниците платија 35 милиони евра за да го доведат од Челзи.
Жозе моментално има договор со Бенфика, а клубот од Лисабон не сака да се откаже од него, па ќе предложи продолжување на соработката, која истекува во 2027 година, со зголемување на платата.
Од друга страна, одредени медиуми шпекулираат дека Жозе Мурињо има други планови, кои не ја вклучуваат Бенфика. Португалецот сака да го преземе Реал (М) и ќе потпише доколку се постигне договор.
„Специјалниот“ го водеше Реал (М) од 2010 до 2013 година и во тој период освои вкупно три трофеи: Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија.
Иако освои „само“ три трофеи, Мурињо имаше огромно влијание – ја прекина доминацијата на Барселона со Пеп Гвардиола и ги постави темелите за последователниот успех на Реал во Лигата на шампионите.











