четврток, јуни 18, 2026
Дома КУЛТУРА Академик Ќулавкова по одбивањето на Рациновото признание: Писменото обраќање на Пановски е...

Академик Ќулавкова по одбивањето на Рациновото признание: Писменото обраќање на Пановски е без преседан

29

По повод одбивањето на Рациновото признание од страна на годинашниот добитник, Наум Пановски, со реакција на „Фејсбук“ се јави и академик Катица Ќулавкова, која ги отвори годинашните 63. „Рацинови средби“ во Велес.

– Реакцијата на Наум Пановски по повод Рациновото признание 2026, неговото писмено обраќање, е без преседан. Тој го користи Рациновото признание за негативна самопромоција, за неконтролирано искажување гнев и омраза кон сè она за што Рацин се залагаше и што го опеа со љубов. Со ваков нихилистички став, недостоинствено е да се прима една угледна награда. Авторот требало недвосмислено да потврди дека ја повлекува својата книга и дека ја одбива наградата уште кога му била соопштена одлуката на жирито. Одлуката на жирито, впрочем, не е едногласна, тој го знаел тоа. На ваков начин, авторот си ја потхранува суетата, ама така што ја подјадува целата македонска култура, народ, па и основачот на Рациновото признание – вели Ќулавкова во својата реакција.

Академик Катица Ќулавкова додава и дека во ситуација на омаловажувања отстрана, ете успеваме да се омаловажуваме однатре.

– Вистински романсиер нема да го направи тоа. Ова е она што се вика негативна катарза. Ако имаш интегритет, откажи се без одлагање, макар годинава да нема добитник. Ги имаме извонредниот Димитрие Дурацовски, Зоран Спасов-Ѕоф со прекрасен роман, како и младите што не можам да ги набројам и коментирам во мигов, ама верувам дека заслужуваат признание, никој од нив не би си дозволил ни на сон ваква драматургија на омраза кон Македонија – истакнува Ќулавкова.

ИЗДВОЕНИ