четврток, ноември 5, 2026
Дома КУЛТУРА Отворен 26. Скопски филмски фестивал/ФОТОГАЛЕРИЈА од црвениот тепих

Отворен 26. Скопски филмски фестивал/ФОТОГАЛЕРИЈА од црвениот тепих

51
Фото: П. Стојановски

Со проекција на филмот „Идиот(и)“ на режисерката Малгоржата Шумовска и снимателот и режисер Михал Енглерт, вечерва во Македонскиот народен театар започна 26. издание на Скопскиот филмски фестивал, кој се возобнови по неколку годишна пауза.

За отворен фестивалот го прогласи директорот на Скопскиот филмски фестивал, Томи Салковски.

„Ова е само почеток, ова е еден темел од што сакаме да го направиме. Ние имаме повеќегодишен план за да го етаблираме фестивалот и да биде дел од европското семејство. Сакаме да направиме фестивал којшто го заслужува Скопје, ние, публиката, филмаџиите и да види Европа дека можеме и ние да бидеме дел од европското семејство“, рече Салковски обраќајќи и се на публиката во МНТ.

На полските автори, режисерката Шумовска и Михал Енглерт на свеченоста на отворањето на фестивалот за првпат им беше врачена фестивалската награда „Златна Скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија.

Заблагодарувајќи се за наградата, режисерката Шумовска рече дека ова е прва награда која ја добиваат како режисерско дуо, иако подолго време работат и креираат заедно.

Пред публиката беа претставени и членовите на меѓународното жири и на Фестивалскиот совет: британскиот филмски критичар и селектор Филип Бергсон, британскиот продуцент Стив Абот, регионалниот продуцент Мирослав Могоровиќ, српскиот режисер Павле Вучковиќ, германската филмска селекторка Даниела Вебер, како и македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска и режисерот Даријан Пејовски.

Помеѓу специјалните гости на церемонијата беше и режисерот и продуцент, Драган Бјелогрлиќ.

Фестивалската програма започна на црвениот тепих пред МНТ, каде што се појавија филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци.

ИЗДВОЕНИ