среда, ноември 25, 2026
Дома БАЛКАН Утринава во Белград уапсен сопственикот и главен уредник на „Информер“

Утринава во Белград уапсен сопственикот и главен уредник на „Информер“

1

Сопственикот на телевизијта „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ е уапсен утринава  по наредба на Второто основно јавно обвинителство во Белград.

Како што дознава порталот Нова.рс, Вучиќевиќ е уапсен поради предизвикување паника и неред подолг временски период и попречување на правдата. Според порталот „Информер“, тој е приведен денеска откако бил пресретнат од полицајци на 50 метри од зградата каде што работи. Потоа префрлен во полициската станица Вождовац со нивно возило.

Шефот на пратеничката група „Александар Вучиќ-Србија победува“, Александар Вучиќ, ја објави оваа информација во Собранието.

-Сопственикот на Информер ТВ, Драган Ј. Вучиќевиќ. Тој беше уапсен само поради неговата новинарска работа, а за мене тоа доволно кажува, со оваа навивачка група одозгора, со какви идиоти си имаме работа, штотуку е уапсен, рече Вучиќ и праша дали има крај на „навивањето“ во Народното собрание.

Пратениците од мнозинството ја поздравија оваа информација со аплауз, што го револтираше Вучиќ.

 

ИЗДВОЕНИ