Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи, е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател, Марко Бислимоски.

Ристов со седум гласа „за“, два против и ниту еден глас воздржан беше изгласан од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ треба да биде изгласан на пленарна седница.

ИЗДВОЕНИ