АБА-лигата конечно стави крај на неизвесноста околу продолжението на сезоната 2026/27. По решавањето на сите прашања поврзани со организацијата на судењето, од лигата потврдија дека натпреварите од второто коло ќе се одиграат според претходно утврдениот распоред.
- Исполнети се сите неопходни услови за почеток на натпреварувањето, соопштија од АБА-лигата, по периодот на сериозна неизвесност и одложувањето на првото коло.
Во изминатите недели, раководството на регионалното натпреварување вложуваше напори да ги надмине проблемите околу судиите и да се најде решение што ќе овозможи сезоната да продолжи.
Така, клубовите, играчите, тренерите и навивачите конечно добија потврда дека регионалната кошаркарска сезона продолжува.
Во второто коло први на терен ќе излезат Борац Чачак и Широки, кои ќе играат во петок од 18:30 часот. Во сабота, Игокеа ќе го пречека Слован од 17:00 часот, додека Спартак и Босна ќе се соочат од 19:00 часот во Суботица. На програмата се и дуелите Крка – Будуќност, Цедевита Олимпија – Цибона, Виена – Клуж, ФМП – Црвена ѕвезда, Партизан – Мега и Задар – СЦ Дерби. Во второто коло ќе стартува и актуелниот шампион Дубаи, кој ќе гостува кај Илирија во Љубљана.











