Полицијата им поднесе кривични пријави на пет деца кои со метален предмет тепаа 13 годишно дете во скопската населба Влае.
По целосно документирање на случајот , ќе се поднесат кривични пријави против пет малолетници од скопје поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ , информираат за весникот Вечер од МВР.
Тринаесетгодишно дете било физички нападнато од група од 15 –на малолетници, а според неофицијалните информации, нападот бил толку брутален што детето останало со сериозни повреди, меѓу кои и искршени заби. Нападот се случил на плоштадот „Делфина“ каде за време на викендите во вечерните часови се собираат малолетните што живеаат во Карпош и Ѓорче Петров. Насилството го пријавила мајката на нападнатото дете.












