понеделник, ноември 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ива Михаилова бара да се вклучи онлајн на денешното судење, според нејзините...

Ива Михаилова бара да се вклучи онлајн на денешното судење, според нејзините вештачења, била невина

0

Ива Михајлова побарала да учествува преку видеоконференција на денешното судско рочиште во Кочани, во постапката што се води против неа за сообраќајната несреќа во која загина едно лице, а неколку други беа повредени.

Во изјава за Бугарската национална телевизија, Михајлова посочи дека нејзиниот адвокат поднел барање да се вклучи во судската постапка од Бугарија, каде што продолжува со лекувањето и рехабилитацијата. Сè уште нема одлука дали судот ќе го прифати барањето.

На денешното рочиште се очекува да бидат разгледани два вештачки наоди изготвени по нарачка на нејзините адвокати. Михајлова тврди дека двата наода одат во прилог на нејзината одбрана.

„Досега ги имам прочитано двата наоди повеќе од сто пати; и двата укажуваат на мојата невиност, како и на трагите што ги оставило другото возило во мојата лента. Сè е јасно видливо. Затоа, се надевам дека вистината на крајот ќе излезе на виделина“, изјавила таа.

Михајлова во интервјуто зборува и за здравствената состојба, посочувајќи дека лекувањето во Бугарија го започнала пред три до четири недели, а рехабилитацијата неодамна. Засега, како што вели, не може да се предвиди колку долго ќе трае третманот.

Таа тврди дека има трајни последици кои ѝ го отежнуваат секојдневниот живот и дека тоа го поврзува со недостигот од рехабилитација додека била во Кочани. Доколку лекарите во Бугарија не можат да ги третираат последиците, можно е да биде упатена на лекување во Израел.(П.А.)

ИЗДВОЕНИ