понеделник, ноември 9, 2026
Дома БАЛКАН Силна експлозија во фабрика во Измир, се стравува за многу жртви/ВИДЕО

Силна експлозија во фабрика во Измир, се стравува за многу жртви/ВИДЕО

0

По експлозија во железарница во Измир, Турција, избувна пожар, а првичните извештаи укажуваат на тоа дека можеби има жртви.

Експлозијата, по која следеше пожар, се случи во железарницата „Хабаш“ (Habaş) во областа Алиага во Измир. Дописник на „НТВ Хабер“ (NTV Haber) извести дека, според првичните информации, има многу загинати и повредени, а голем број работници останале заробени под урнатините.

На местото на настанот се испратени бројни противпожарни и медицински екипи, пренесува медиумот.

ИЗДВОЕНИ