понеделник, ноември 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Петицијата за електронска наракаквица блиску до потребните потписи

Петицијата за електронска наракаквица блиску до потребните потписи

0
Граѓаните се потпишуваат на петицијата на пратеничката Моника Зајкова за воведување на електронските нараквици како превентивна мерка од мажите-насилници. Досега тоа го сториле над 6000 граѓани. Предлогот кој два пати беше одбиен во Собранието, пратеничката покрена петицијата во која  стои дека се бараат 10.000 потписи за референдум за итно воведување на електронска нараквица, која ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание.
-Џабе надзорни расправи ако сè завршува со констатации, а не со конкретни мерки и одговорност! Човечки живот не се затвора со дисциплинска мерка таму каде што постојат основи за сериозна кривична одговорност и морална одговорност!, стои во повикот на Зајкова за приклучување на што поголем број граѓани кон петицијата.
Прашањето за електорнска нараквица повторно се отвори, по убиството на малолетната Билјана од Богданци која била малтретирана и тепана од момчето Виктор. Граѓанската иницијатива „Ниту една повеќе!“ вчера организира протестен марш во Скопје против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста.  Македонија е трета во Европа според бројот на фемициди, со седум убиени жени само годинава.

ИЗДВОЕНИ