понеделник, ноември 9, 2026
Дома СВЕТ Страотен пожар во Кина: Изгоре висококатница, најмалку 14 загинати, девет лица во...

Страотен пожар во Кина: Изгоре висококатница, најмалку 14 загинати, девет лица во критична состојба/ВИДЕО

1

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна вчера во повеќекатна зграда во градот Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска кинеската државна новинска агенција „Синхуа“.

Дваесет и пет лица се сè уште хоспитализирани, од кои девет се здобиле со сериозни повреди, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на надлежните органи.

Пожарот избувна вчера попладне (по локално време) во зграда лоцирана во центарот на Тајуан. На пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат огнот.

Околностите под кои избувнал пожарот сè уште не се познати, а надлежните органи започнаа истрага за да ја утврдат неговата причина.

ИЗДВОЕНИ