Селекторот на македонската сениорска машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го објави конечниот список на ракометари за претстојната ЕХФ недела. На списокот се најдоа 18 имиња и седум се резерви.
Македонија во оваа ЕХФ недела ќе почне квалификациите за Европско првенство во 2028 година. Избраниците на Лазаров прво ќе го пречекаат Луксембург (4. ноември) на домашен терен, а потоа ќе гостуваат кај Грција.
Меѓу повиканите ракометари се најде Дмитро Хориха, Украинецот кој доби македонски пасош додека беше член на Вардар. Повратник е Мартин Серафимов од Еурофарм Пелистер. Кај голманите, шанса ќе добијат помладите, Никола Митревски ќе чека како резерва.
Кај пивотите од стандардните имиња од претходно го нема Жарко Пешевски.













