Клековски информира дека првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а вакцинацијата треба да започне во периодот од 16 до 25 октомври.
„Втората тура од 26.000 вакцини треба да пристигне до 15 ноември. Во моментот ја организираме логистиката со центрите за јавно здравје и мое очекување е дека во овие стандардни термини ќе почне вакцинацијата во земјата, а тоа е од 16 до 25 октомври“, рече тој и кажа дека ќе бил првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи. (П.А.)












