Општина Дојран, со нова механизација, го почна чистењето на крајбрежјето по должина на шеталиштето во Стар Дојран.
Од Општината информираат дека се отстрануваат бекатон-плочки, камења и друг материјал што се насобирал со текот на годините.
– Целта е да се ослободи крајбрежјето од непотребниот отпад, да се уреди и дополнително да се посипе со песок, со што ќе се создадат подобри, почисти и побезбедни услови за сите посетители – соопштија општинските власти.
Освен тоа, се работи и на чистење и уредување на теренот на фудбалското игралиште, каде што тимот на Дојран ги игра своите натпревари.
– Со оваа активност, создаваме подобри услови за публиката, но и придонесуваме за поуреден и поубав изглед на нашиот спортски терен – нагласуваат од Општината.












