недела, септември 27, 2026
Дома СВЕТ Авион со 198 патници принудно слета во Лион: Се запали пренослива батерија...

Авион со 198 патници принудно слета во Лион: Се запали пренослива батерија на еден патник

1

Авион на германската авиокомпанија „Луфтханза“ (Lufthansa) со 198 патници беше пренасочен кон аеродромот во Лион откако во леталато се запалила пренослива батерија (powerbank) на еден од патниците, соопшти компанијата.

Инцидентот се случил во саботата навечер за време на летот LH1170, на кој авионот Airbus A321-200 сообраќал на релација од Франкфурт кон Лисабон.

Екипажот веднаш ја обезбедил батеријата во посебна заштитна вреќа наменета за батерии на база на литиум, пренесува „Фигаро“. Пилотите потоа одлучиле да го пренасочат авионот кон Лион и прогласиле вонредна ситуација за леталото да има предност при слетувањето.

Авионот безбедно слетал нешто пред 20 часот по Гринич.

Патниците потоа нормално го напуштиле авионот и немало повредени. Сите 198 патници и шест членови на екипажот биле сместени во хотел, а денеска е организирано продолжување на нивното патување кон Лисабон.

Од „Луфтханза“ соопштија дека жалат за инцидентот и за прекинот на патувањето, истакнувајќи дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен главен приоритет.

Компанијата од јануари 2026 година го забрани користењето и полнењето на преносливите батерии за време на летовите.

ИЗДВОЕНИ