Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлина се очекува невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 19 до 26 степени.
Од УХМР информираат дека дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност, а во вторник и четврток на места ќе има услови за врнежи од дожд.












