петок, јули 31, 2026
Дома СВЕТ Планетата „врие“ во нов топлотен бран: Каде во Европа е најжешко денеска,...

Планетата „врие“ во нов топлотен бран: Каде во Европа е најжешко денеска, а каде во светот?

39

Во Европа, највисоката температура денес е измерена во Адијаман и Батман во Турција, 43 степени, по што следуваат Урфа со 42,7 степени, Анталија со 42,3 степени, објави Огимет, веб-страница која собира метеоролошки податоци од целиот свет.

Топло е и во Шпанија и Јордан, а на десеттото место е Мостар во Босна и Херцеговина со 41,6 степени.

Најстудено во Европа денес е во Норвешка, -0,6 степени, и во Исланд -0,2 степени, а најмногу дожд наврна денес во Шведска, Холандија, Германија и Финска.

Најжешкото место во светот денес е Мехран во Иран, каде што се измерени 50 степени Целзиусови.

Од друга страна, на Антарктикот моментално е зима, а температурата измерена на станицата „Восток“ била -74,8 степени.

Просечната најниска температура е измерена и на Јужниот пол, -79,9 степени, а најсилниот ветер моментално дува таму со брзина од 142,4 километри на час.

Според податоците на Огимет, најмногу дожд во светот во последните 24 часа наврна во Тајланд, Индија, Соломонските Острови и Виетнам.

ИЗДВОЕНИ