четврток, јули 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Али Ахмети по 24 години го постави државното знаме во својот кабинет...

Али Ахмети по 24 години го постави државното знаме во својот кабинет во Мала Речица/ФОТО

79

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во својот кабинет во седиштето на партијата во Мала Речица конечно постави македонското знаме, кое беше забележано на фотографиите кои тој ги објави по средбата со австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер.

-Денес имав задоволство да остварам средба со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција, г. Мартин Памер.

Разговаравме отворено и конструктивно за политичките случувања во земјата, европската перспектива на Северна Македонија и предизвиците кои бараат заедничка институционална одговорност. На средбата повторив дека патот на земјата кон Европската Унија останува наша стратешка определба и дека нема друга алтернатива.

Нагласив дека напредокот кон полноправно членство во Европската Унија неизбежно поминува преку почитување на Охридскиот договор, зајакнување на владеењето на правото, функционирање на институциите врз принципите на еднаквост и демократија, како и исполнување на сите обврски што произлегуваат од евроинтеграцискиот процес.

Исто така, истакнав дека градењето и негувањето на добрите меѓуетнички односи, политиката на добрососедство и создавањето економија која обезбедува благосостојба за граѓаните се столбовите врз кои треба да се гради европската иднина на нашата држава.

Само со зачувување на овие вредности, Северна Македонија може сигурно, стабилно и достоинствено да продолжи напред, напиша Ахмети по средбата.

ИЗДВОЕНИ