четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Филипче го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ

Филипче го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ

1

Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ, објави на социјалните мрежи лидерот на најголемата опозициска партија Венко Филипче.

Во објавата Филипче наведува дека актуелниот градоначалник на скопската општина Центар е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општината.

-Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ. Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија – се наведува во објавата. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ