Во текот на оваа акција за пошумување, биле насадени над 4.000 дрвца, како придонес на сметководствената заедница кон обновувањето на зелените површини на претходно опожарениот предел во Светиниколско.

– Со оваа акција сакаме да придонесеме за обновување на зелените површини и за подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и на одржливоста, а истовремено и да ги поттикнеме колегите да размислуваат за своите секојдневни навики, за намалувањето на потрошувачката на хартија и за примената на одржливи практики во својата работа – изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС 

 

Голем број волонтери – членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“, Светиниколско. Пошумувањето е дел од проектот „Зелена трансформација преку пошумување, зелени работни места и младинска инклузија“, кој го спроведува ИСОС, со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“.

Во текот на оваа акција за пошумување, биле насадени над 4.000 дрвца, како придонес на сметководствената заедница кон обновувањето на зелените површини на претходно опожарениот предел во Светиниколско.

– Пред почетокот на садењето, учесниците во акцијата добија практични насоки од вработени во ЈП „Национални шуми“ за правилно садење на садниците и за безбедност при работа. Потоа, распределени во групи и со стручна поддршка, се вклучија во пошумувањето на локацијата – соопштија од ИСОС.

Оттаму додаваат дека се реализирала акцијата во соработка со Сојузот на извидници на Македонија – „Боренка“ и со Македонската развојна фондација за претпријатија, a во садењето се приклучиле и дваесетина студенти.

– Со оваа акција, сакаме да придонесеме за обновување на зелените површини и за подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и на одржливоста, а истовремено и да ги поттикнеме колегите да размислуваат за своите секојдневни навики, за намалувањето на потрошувачката на хартија и за примената на одржливи практики во својата работа – изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС. 

Акцијата е дел од пошироката цел на проектот на ИСОС за пошумување на деградирани и опожарени површини, развој на зелени вештини и активно вклучување на младите во заштитата на животната средина.

Проектот ќе се реализира до февруари 2027 година, а покрај пошумувањето, предвидува и обука за сметководителите за еколошките, социјалните иза  управувачките аспекти на работењето (ESG), како и обука за студентите по сметководство за зелени вештини, циркуларна економија и можности за зелени работни места.

Проектот „Зелена младина, зелен раст“, преку кој е обезбедена поддршката за реализација на оваа акција, е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија, Џуниор ачивмент и Центарот за едукација и претприемништво „Можности“.

ИЗДВОЕНИ