Четириесетгодишен маж од Тетово е приведен по пријава од неговата жена дека долго ја малтретирал и ја тепал. Во неговиот дом, полицијата пронашла многу оружје и муниција и против него ќе биде поднесена пријава.
-На 23.11.2026 во 16:50 часот во СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А. Г. (40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна жена, дека подолг период и физички ја малтретирал и ѝ упатил закани со огнено оружје. А. Г. е задржан во полициската станица и со потврда биле одземени ловечка пушка, пиштол со рамка и куршуми и дозвола за поседување оружје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.












