вторник, ноември 24, 2026
Дома СКОПСКА Осумнаесет награди за учениците од Карпош

Осумнаесет награди за учениците од Карпош

1

Голем успех за младите таленти од Карпош. Вкупно 24 ученици од општинските основни училишта ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Лазо Трповски“, под менторство на наставничката по физика, Мирјана Патаракоска, учествуваа на 48. Републичка школа „Млади физичари“, освојувајќи дури 18 награди.

На овој реномиран натпревар, ученици од основните училишта од целата држава ги покажаа своите знаења, вештини и љубов кон физиката, а младите карпошани се истакнаа со своите извонредни резултати.

Од Општина Карпош велат дека се горди на постигнувањата на нивните ученици, кои се потврда за нивната посветеност, љубопитност и труд, но и за значењето на квалитетното менторство и поддршката во образовниот процес.

– Продолжете да истражувате, да учите и да поместувате граници – порачуваат од Општина Карпош.

ИЗДВОЕНИ