ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП-групацијата, по третпат ја спроведува својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“, преку која активно придонесува за зголемување на зелените површини и уза напредување на животната средина во Општината каде што се наоѓа Меѓународниот аеродром Скопје.
Во рамките на годинашната акција, вработените на Меѓународниот аеродром Скопје, предводени од генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, и со претставниците на Општината, насадија 30 црвени сливи во Дељадровци, Општина Илинден, во паркот што денеска, со овој чин и официјално беше пуштен во употреба.
Со садењето на новите дрвја, ова населено место добива дополнително зеленило, кое во годините што доаѓаат ќе придонесува за почист воздух, побогата природна средина и за поквалитетни услови за живот на локалното население.
– Особено ми е драго што нашата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ продолжува и оваа година, потврдувајќи дека грижата за животната средина е долгорочна определба на ТАВ Македонија. Ваквите заеднички иницијативи се можност да придонесеме за промени што ќе имаат вредност и во годините што доаѓаат. Вистинската вредност на овој чин ќе се почувствува и ќе се цени уште долги години, служејќи како траен подарок за идните генерации – изјави Курт.
Градоначалникот Георгиевски истакна дека преку ваквите иницијативи се цели кон создавање почиста, позелена и поздрава општина, но и кон подигнување на свеста кај населението за значењето на заштитата на природата.












