Министерот за транспорт, Александар Николоски нагласи дека проектот „Градски воз“ е „еден од најзначајните проекти што се работат“, иако, како што кажа, не е голем по обем.
– Прво, многу ќе помогне во намалувањето на загадувањето во Скопје, второ, ќе го смени системот на живот во приградските населби и трето, ќе воведе една култура на помалку користење возила и на повеќе користење воз. И најважно, ова се проекти што ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на линијата што оди од Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром до Нова железничка во Скопје. Би требало да биде завршена до крајот на јуни за да функционира од 1 септември – соопшти тој
Претпријатието „Македонски железници – Транспорт“ потпишало договор со компанијата ЕВОР за најмалку пет нови товарни локомотиви, а се работи и на набавка на нови возови преку Светската банка. Освен тоа, министерот за транспорт, Александар Николоски, во медиумско гостување истакна и дека првата линија на градскиот воз ќе започне да функционира на 1 септември и дека ќе се набават нови, електрични автобуси.
Тој нагласи дека проектот „Градски воз“ е „еден од најзначајните проекти што се работат, иако, како што кажа, не е голем по обем.
– Прво, многу ќе помогне во намалувањето на загадувањето во Скопје, второ, ќе го смени системот на живот во приградските населби и трето, ќе воведе една култура на помалку користење возила и на повеќе користење воз. И најважно, ова се проекти што ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на линијата што оди од Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром до Нова железничка во Скопје. Би требало да биде завршена до крајот на јуни за да функционира од 1 септември – соопшти Николоски.
Тој наведе дека паралелно со ова, се работи на проектирање со Градежниот факултет и во втората половина од оваа година треба да се објави тендер и за другите две линии – од Нова железничка станица, преку Бутел – Скопје-Север, до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка, преку Автокоманда – Маџари, што завршува во Илинден.
– Очекувам да бидат завршени тие на крајот од 2027, почетокот на 2028 година. Ако додадеме на ова дека оваа есен Скопје ќе добие 100 електрични автобуси, тоа ќе значи многу во намалувањето на загадувањето во градот – заклучи Николоски.












