Анализите на водата од водоводот на град Демир Капија, земени во понеделникот од страна на ЦЈЗ Велес, како и анализата доставена во Институтот за јавно здравје, покажуваат дека водата е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ.
Сепак, забраната за пиење издадена од АХВ сè уште е во сила, до добивањето на третата анализа и официјалното укинување на забраната од страна на надлежната институција.
За секоја нова информација, ЈКП „Бошава“ навремено ќе ги извести граѓаните.












