недела, јули 12, 2026
Дома СКОПСКА Меѓународен фолклорен фестивал „Света Троица“ во Илинден

Меѓународен фолклорен фестивал „Света Троица“ во Илинден

53

Општина Илинден денеска ќе биде домаќин на Меѓународниот фолклорен фестивал „Света Троица“, традиционална културна манифестација која ги обединува љубителите на фолклорот, музиката и народната традиција.

Настанот ќе се одржи во Домот на културата „Илинден“ во населеното место Илинден, со богата програма исполнета со музика и традиционални ора.

Фестивалската програма започнува во 19:00 часот со свечено дефиле на учесниците, кое ќе тргне од подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ и ќе се движи од кружниот тек кон Домот на култура „Илинден“.

Свечениот концерт ќе започне во 20:00 часот во Амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на фолклорни групи од Македонија, Србија, Бугарија, Чиле и Босна и Херцеговина.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од оваа меѓународна културна вечер и да уживаат во богатството на традиционалната музика, игрите и фолклорот.

ИЗДВОЕНИ