Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска е примен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград, потврдено е за Танјуг.
На ВМА го чекаа министерот за здравство Златибор Лончар и докторот Драган Динчиќ.
На Вучиќ за време на посетата на Соединетите Американски Држави ненадејно му се слошило, по што побарал лекарска помош и по прегледот донел одлука да се врати во Србија, поради што не можел да се појави на главните настани за кои дошол во Америка.